Од ноќеска на полноќ

Бензините поскапи за еден, дизелот за 1,5 денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на горивата за еден до 1,5 денар од вечер на полноќ.

Со денешната одлука малопродажните цени на бензините Еуеосупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм  

По полноќ бензинот Еуросупер БС - 95 ќе чини 60,5 денари за литар, а Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 62,5 денари за литар. Дизел горивото ќе чини 53 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство, 53 денари за литар. Цената на Мазут М-1 НС ќе биде 28,501 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе