Од вечер на полноќ

Бензините поскапи, дизелот поевтин за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на цените на бензините за половина денар и намалување на цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство исто така за половина денар.

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,50 денари/литар и од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 77 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 79 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 68 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 67,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе