РКЕ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од пред три дена.

Еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит и од полноќ ќе чинат - 83,50 ден/лит, 85,50 ден/лит и 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3 ден/лит, на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,140 ден/кг -  84 ден/лит и 57,347 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин - еуросупер БС -  95        -           83,50 (денари/литар)

- Моторен бензин - еуросупер БС – 98         -         85,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - еуродизел БС (Д-Е V)         -         87,50 (денари/литар)

- Масло за горење - екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      -     84 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС            -             57,347 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон,  кај  дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, соопшти РКЕ.

  

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе