Според анализите на Министерството за економија

Бектеши не верува дека нѝ претстои ценовен шок

Точно е дека има извесно покачување на цените на одредени производи, но според секојдневните анализи што ги правиме, нема податоци кои би укажале дека нѝ претстои ценовен шок, изјави министерот за економија Крешник Бектеши

„Секојдневно правиме анализи и во моментов немаме податоци дека може да се случи ценовен шок. Како што направивме пред една година ќе направиме пак во делот на преземање на соодветни мерки согласно Законот за трговија и согласно надлежностите што ги има Министерството за економија ако дојде до тоа“, рече Бектеши.

Тој вели дека во тој момент кога ќе предвидат можен ценовен шок, јавноста ќе биде известена.

„Точно е дека има одредени зголемувања на цените за одредени производи. Ако зборуваме за основните производи можеби сме единствената Влада во регионот која во време на пандемија презела такви мерки во делот на замрзнување на цените и во дел на одредување на маржа и за домашното производство, но и за сите производи кои се увезуваат“, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Согласно механизмите што ги имаме како Министерство за економија и Влада, рече тој, мора да се повикаме на Законот за трговија за да се замрзнат цените.

Бектеши вели дека во делот на домашното производство може директно преку субвенции на одредени производи или производители да се влијае во делот на цената.

„Секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените кај производите кои се увезуваат во нашата држава како што направивме пред една година. Значи, можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваат при увоз. Во делот на трговијата на големо и мало можеме да ги намалиме маржите и за маркетите и за малите и за големите. Тоа веќе сме го направиле и сме речиси единствената држава во време на пандемија која ги донесе овие мерки како справување со зголемувањето на цените“, изјави министерот за економија.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе