Бектеши не очекува да има големо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата по 1 јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува да има големо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата по 1 јануари идната година и вели дека ќе направат се што им е на располагање за да остане сегашната производна цена на АД ЕСМ кое ги задоволува потребите на регулираниот пазар.

За домаќинствата, како што кажа, во Законот за енергетика е предвидена постепена либерализација и потенцира дека ќе се направат дополнителни калкулации од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и сите енергетски институции и компании кои се во сопственост на државата за да се види колкава ќе биде цената на струјата по 1 јануари идната година. Ситуацијата будно се следи и во делот на домаќинствата не очекуваме да има големи ценовни шокови.

„Моменталната производна цена на електричната енергија на АД ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните“, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на завршниот настан на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија и дискусија на тема „Идните предизвици во развојот на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија".

Во делот на увозот на јаглен за потребите на двете термоцентрали, посочи, дека треба да се почитуваат сите процедури.

„ЕСМ има внатрешни и законски процедури кои треба да ги спроведе за набавка на јаглен од странство. Убеден сум дека тендерот ќе биде успешен зашто веќе имаме искуство со ТЕЦ Осломеј за каде се набавува јаглен од Косово“, истакна Бектеши.

На прашањето дали треба да се вклучи ТЕЦ Неготино за да се избегнат евентуални ценовни шокови, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски рече дека во моментов се прават сите анализи, бидејќи производната цена на ТЕЦ Неготино за струја е врзана со цената на мазутот.

„За жал сега имаме повторно тренд на пораст на цената на нафтата на светските берзи што е процес на кој ние не можеме да влијаеме. Доколку постои економска исплатливост и доколку и понатаму продолжат да растат цените на електричната енергија апсолутно ќе се примени и сценариото за вклучување на термоелектраната доколку цената за производство на ТЕЦ Неготино е пониска од таа што е на пазарот“, рече Бислимоски.

Повика да престанат шпекулациите дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 50 проценти по 1 јануари.

„Би замолил да се воздржиме од шпекулации без никакви анализи. Нема потреба сега да се крева паника, се што и стои на располагање на РКЕ, на ЕСМ, на МЕПСО и на Владата ќе биде преземено“, посочи Бислимоски и додаде дека кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што вчера ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија.

Состојбата, потенцира, е сериозна имаме проблем со хидрологијата, во одреден дел и со термоелектраните, но се се решава и на никој не му е ни на крај на памет да не преземе мерки кои стојат на располагање.

„Најодговорно тврдам дека цената на електричната енергија нема да се зголеми за 50 проценти, а никој во моментов не знае колку ќе се зголеми. Оперативните трошоци, амортизација и поврат на капитал се работи кои веќе се определени на Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и на МЕПСО за пренос. Тоа не може да се смени. Може да има притисок врз трошокот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат тендери и ќе видиме кои цени ќе се понудат. Ако цените се превисоки на располагање ни е концептот преку ЕСМ за набавкана јаглен или доколку има потреба да се вклучи ТЕЦ Неготино“, прецизира Бислимоски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе