Прес-конференција на РКЕ

БЕГ ја загуби лиценцата за парно греење на скопјани, соопшти Бислимоски

По седницата на Регулаторната комисија за енергетика, претседателот на Комисијата Марко Бислимоски соопшти дека е донесена одлука за престанок на лиценцата за парно греење на БЕГ во Скопје. РКЕ ќе ја информира Владата и потоа таа, во соработка со Министерството за економија, ќе може да организира јавен повик за избор на нов оператор за производство на топлинска енергија, рече Бислимоски. Тој очекува роковите да бидат куси за да може брзо да се организира топлинското загревање на станови и фирми во Скопје.

Бислимоски рече дека во изминатиот период се комуницирало со БЕГ, но дека по давањето на позајмица од страна на Владата било стабилизирано произодството на топлинска енергија. Од БЕГ биле на ставот дека нема да можат да организираат производство на топлинска енергија со таков квалитет како порано.

„Оваа одлука практично значи дека Друштвото за производство на топлинска енергија 'Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје' повеќе нема лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител. Сѐ до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата. Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ. Поднесени се барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки“, рече Бислимоски.

БЕГ како причини ги навела кредитната неспособност, нарушената ликвидност, правната несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против БЕГ, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства, навфеде првиот човек на РКЕ.

Според Бислимоски, скопјани нема да имаат последици од одлуката. Тој појасни дека на просторите на поранешна Југославија со парното греење стопанисуваат државни или општински претпријатија и дека е тоа добро искуство.

Бислимоски потсети дека Град Скопје се изјаснил дека не е способен да организира производство на топлинска енергија за главниот град. Останува искуството дека државата треба да се вмеша во регулирање и производство на оваа дејност.

Заради нејаснотии во јавноста, тој појасни дека според законот, лиценцата за производство на топлинска енергија значи дека РКЕ може да му ја определи цената на БЕГ, додека ТЕ-ТО не е регулиран производител, што значи дека се определува цена на регулираното производство. Но, како што нагласи Бислимоски, добро е што ТЕ-ТО овозможи пониски цени.

Претседателот на РКЕ на новинарско прашање се согласи дека енергетската ситуација е многу сериозна, испораката на гас зависи од светските берзи, но изрази уверување дека државата има и дека ќе обезбеди доволно гас за топлинска енергија и дека цената нема да влијае на стандардот на граѓаните.

Кој и да биде операторот, тој според законот мора да има резерви за најмалку 15 дена и алтернатива за префрлување на мазут. Или, рече, може да се користи дизел гориво како алтернатива на мазутот, со мали преправки во топланите кои можат да се извршат за кусо време.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе