БЕГ и официјално остана без лиценци за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлуки со кои ги одзеде лиценците на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) и за дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија во Скопје, откако претходно донесе одлука и за престанок на лиценцата за производство на топлинска енергија.

„Согласно Законот за енергетика, со оглед на тоа дека станува збор за вршење на јавна дејност РКЕ ја известува Владата за овие одлуки, по што треба да се спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветни лиценци. Сѐ до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство, дистрибуција и снабдување на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата“, соопштија од РКЕ.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе