Здружение на брендирани и приватни бензински пумпи од Штип

БПБ Штип: Нестручност во РКЕ или одбрана на нечии интереси?

Згрозени сме од ставовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (PKE) во однос на последната одлука за определувањето на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт и други елементи од Правилникот, велат од Здружението на брендирани и приватни бензински пумпи БПБ Штип и оценуваат дека Регулаторната комисија ги уништува компаниите кои легално работат со нафтениот бизнис.

Во време кога економијата е пред колапс, РКЕ како намерно да носи одлуки кои ќе им наштетат на домашните компании, смета Здружението.

„И покрај тоа што РКЕ е слепа и не реагира на злоупотребите кои се прават на пазарот со нафтени деривати, дополнително и нас, кои работиме легално со нафтените деривати, не ни дава никаков поттик во овие тешки моменти. Како можеше регулаторот да ја зголеми цената на струјата за 7 проценти и дали тогаш не се водеше од интересот на граѓаните? Смешни и неиздржани се наводите на РКЕ дека со либерализацијата на пазарот ќе се предизвика ценовен шок, затоа што во минатото ние трговците самите ги определувавме цените, па не се случи ништо такво", наведува Здружението.

На крајот од соопштението Здружението на брендирани и приватни бензински пумпи од Штип го поставува прашањето:

„Или РКЕ нема познавања по ова прашање или станува збор за нешто друго. Чии интереси брани РКЕ"?

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе