АСО казни две осигурителни компании, најмногу поплаки за исплата на штети од сообраќајни незгоди

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките за исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот, а најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и информираат дека се решени 31 процент од претставките во корист на осигурениците. Изречени се парични казни за две осигурителни компании.

Менаџментот на АСО заклучува дека како резултат на транспарентноста во работењето во првите шест месеци бројот на претставки по кои постапува се зголеми за 65% во споредба со истиот период лани

„Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) доби 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителни компании и брокерски друштва во првите шест месеци годинава. АСО, врз основа на обработените претставки, утврди пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрече и парични казни. Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилска одговорност и од осигурување имот.

Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување. 

Во корист на осигуреници се решени 4 претставки за осигуран имот, 2 претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување, соопшти АСО.

Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки.

„Што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. АСО, од оваа класа осигурување, обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај.

Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто.

Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки.

Најголем раст на поплаките има заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само 4 такви претставки.

Бројот на осигуреници- физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106.

Во овој период 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто“, наведуваат од АСО.

Инаку, претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО потсетува дека не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе