И покрај предизвиците од пандемијата

Ангеловска-Бежоска: Монетарна стратегија на одржување на стабилен девизен курс

Препораката за монетарната политика во глобални рамки е да остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување сѐ додека трае фазата на неизвесност, но и фазата во која пандемијата ќе биде ставена под контрола. И ние како централна банка ќе се водиме од ваквата препорака, ама водејќи сметка и за специфичноста на нашата монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Во обраќањето на 25. годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија, гувернерката посочи дека од март наваму, Народната банка интервенираше на девизниот пазар со продажба на девизи, но дека во последните месеци интервенциите се значително поумерени. Притоа истакна и дека девизните резерви се на високо и конфорно ниво коешто овозможува задржување на тековната релаксирана поставеност.

„Основната каматна стапка сѐ уште е во позитивна зона, а со тоа и маргината во однос на ЕЦБ останува позитивна. Сепак, со оглед на спецификата на нашиот монетарен режим, јасно е дека за нас не важи нултата долна номинална граница и оттаму и дополнителниот простор не е е неограничен. Ова се однесува и на емисијата на дополнителна ликвидност, којашто секако е алтернатива доколку е потребно, но до онаа точка до којашто тоа не би предизвикало притисок на девизниот пазар", нагласи Ангеловска-Бежоска.

Таа се осврна и на предизвиците поврзани со финансиските пазари во изминатиот период, како и на очекувањата за периодот што претстои.

„Неизвесноста и ризиците за глобалните економски текови, но и за глобалните финансиски пазари останува невообичаено висока, имајќи ја предвид неможноста да се предвиди траекторијата на здравствената криза. Оттаму останува потребата и ние како носители на политиките, а секако и вие како пазарни учесници да бидеме внимателни при носењето на одлуките и соодветно да управуваме со предизвиците пред нас", порача гувернерката.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе