Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем.

Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици", кој се одржа во Црна Гора.

Во текот на Самитот, како што соопштија од кабинетот на гувернерката на НБ, Ангеловска-Бежоска зема активно учество во дискусиите на панелот на тема „Монетарната политика во инфлациско опкружување", на кој говореа и гувернерите на Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и вицегувернерот од Хрватска.

Учесниците на панелот го потенцираа значајното забрзување на инфлацијата во сите земји во регионот, која во просек достигна 13,5 проценти, како и притисоците од енергетскиот шок врз девизните пазари што резултираше со потреба од затегнување на монетарните политики во регионот. Ова, се додава, особено доаѓа до израз во услови кога ФЕД и ЕЦБ, кои во значајна мера ги дефинираат глобалните финансиски пазари, веќе во неколку наврати ги зголемија каматните стапки, а ФЕД веќе и ја намалува ликвидноста од пазарите. Со ова, се посочува, се намалува и просторот за маневар на останатите централни банки.

„Доколку централните банки во регионот не преземаат мерки кои ќе го следат циклусот на ФЕД и ЕЦБ, тогаш може да се соочат со ризици за капитални одливи или помали капитални приливи, а со тоа и зголемени притисоци на девизниот пазар“, истакна гувернерката.

Сите учесници на панелот се согласија дека одржување на стабилноста на девизниот курс е од исклучително значење за стабилизирање на инфлацијата.

Самитот на едно место ги собра клучните креатори на фискалната и монетарната политика, претставниците од меѓународни финансиски институции и водечките луѓе од најголемите банки, компании и осигурителни компании од целиот регион, кои годинава разменија мислења за неопходната соработка на монетарната и фискалната политика во справување со предизвиците и преземањето мерки за ублажување на негативните последици од економската криза, стои во соопштението од Народната банка.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе