„Амфенол технолоџи Македонија“ отвори нов погон во Кочани

Компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ од Кочани, која денеска ја одбележува осумгодишнината од основањето, отвори нов производствен капацитет за производство на кабли за автомобилската индустрија. Погонот е на површина од 3.500 квадратни метри затворен простор, а само за машини и опрема, што се најсофистицирани и најсовремени во оваа област, инвестирани се пет милиони евра.

„За само осум години стигнавме до 2.300 вработени, а посебно сме горди што во 2020 година станавме седми најголем извозник во државата. Тоа е резултат на напорна работа од сите вработени, кои во специфични околности направија фантастични активности за да успееме. Новиот капацитет овозможува дополнителни вработувања, во работни услови што се во светскиот врв за производство и монтажа на кабли за автомобили, со таканаречен clean room. Наши инженери, техничари и оператори беа на двомесечна обука во странство, со што пренесуваме нови знаења и вештини. Инвестираме и во машини за алатница, во најмодерен софтвер и технологија за оваа намена“, изјави Сашко Наков, директор на „Амфенол технолоџи Македонија“.

За наредниот период претстои доекипирање во проект менаџментот и со инженерски кадар, со што производниот процес ќе биде целосно заокружен.

На свеченоста по повод осмиот роденден на компанијата, што во Кочани беше отворена како странска браунфилд инвестиција, на најдобрите и на работниците со непрекинат стаж им беа доделени награди и признанија.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе