Американ колеџ потпиша договор за соработка со Институтот на овластени ревизори

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и универзитетот Американ колеџ Скопје потпишаа договор за академска соработка. Овие две институции ќе работат на формирање на испитен центар на „Association of Chartered Certified Accountants" (ACCA) во Македонијa како и соработка на полето на обуката и продлабочувањето на знаењата и разменување на искуства за истражувањата и развојните процеси од заеднички интерес.

„Меѓусебната размена на информации помеѓу институтот и универзитетот е од особено значење за двете установи. Ние како институт сме секогаш спремни да помогнеме во споделувањето на нашето знаење и искуство поврзано со нашата проблематика и тоа да го пренесеме најдобро што можеме на студентите кои се определиле за овој смер. Особено ми е драго што почнуваме една нова приказна со УАКС, која верувам ќе биде успешна и трајна“, изјави Борислав Атанасовски, претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.

„Нашите студенти го одбрале нашиот универзитет затоа што сметале дека истиот ќе биде нивниот најдобар избор. Ние тоа сакаме да им го потврдиме. Ваквите соработки за нас и за нашите студенти се особено важни за исполнувањето на врвна едукација која понатаму ќе придонесе во градењето на професионални кадри. Студентите на УАКС, повторно ќе имаат шанса да учат од најдобрите. Се надевам дека соработката со институтот во иднина ќе ја прошируваме и надоградуваме“, изјави проф. д-р Марјан Бојаџиев, ректор на универзитетот Американ колеџ Скопје.

Потпишувањето на договорот се оддржа денеска на универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе