„Алкалоид“ и на јужноамериканскиот пазар, регистриран лек во Чиле

Институтот за јавно здравје на Чиле (ISP) неодамна го издаде првото одобрение за ставање во промет лек произведен од „Алкалоид“ АД Скопје. Одобрението за ставање лек во промет се однесува на лек во форма на таблети, кој е наменет за краткотрајно лекување несоница кај возрасни.

„Алкалоид“, поддржан од своите партнери на оваа територија, продолжува со регулаторните активности за компилирање досиеја за прва регистрација и на други лекови, во согласност со националните регулаторни барања во Чиле. Се стремиме и се надеваме дека бројот на добиени одобренија за ставање лек во промет во Чиле ќе се зголеми до крајот на оваа година, соопштија од компанијата.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе