40 илјади денари месечно треба да има четиричлено семејство за минималните трошоци, алармира ССМ

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти, алармира Сојузот на синдикатите на Македонија и информира дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти. ССМ потсетува дека итно треба да се зголемат платите на работниците.

„Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е сѐ поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население“, оценуваат од ССМ.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалоците.

„ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2.806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор“, велат од ССМ

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе