Министерство за економија

15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања

Со ребалансот на Буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости.

„Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи“, изјави Бектеши.

Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира.

„Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра“, појасни Бектеши. 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе