Од 1 декември во трговијата

15 денари од среда ќе чини биоразградлива кеса

Во среда стапува во сила еколошката мерка според која ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина.

Одлуката за забрана за употреба на пластични кеси беше донесена минатиот месец. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини тогаш изјави дека целта е да се намали употребата на пластиката.

„Од фондот на при што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластична кеса ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава. Идејата е тој што загадува, тој и да плати“, рече Нуредини.

Од 1 декември ќе биде забранета пластика за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитените зони како што се Пелистер, Маврово, Шар Планина, Галичица и други.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе