Доделени сертификатите на 10 негуватели за помош и нега на стари лица од Македонски Брод

Во зградата на ЕЛС Македонски Брод, денеска им беа доделени сертификатите на 10 негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост од оваа општина. Со овој проект ќе бидат опфатени 30 лица стари лица и лица со попреченост од општината и секој од десетте негуватели ќе има обвска секојдневно да се грижи за три од овие лица.

„Овој проект подржан со финансиски средства од Меѓународна банка за обнова и развој и ќе трае 15 месеци. Во овој период секој од негувателите ќе има обврска да пружа помош и нега на три лица или вкупно 30 лица во општината ќе бидат опфатени со нега од страна на групата на негуватели, а лицата кои ќе ја добиваат оваа нега ќе бидат определени од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Македонски Брод“, додаде градоначалникот и подвлече дека е значајно тоа што добиените сертификати се меѓународно признати и истите важат за западноевропските земји и нагласи дека сите понатамошни активности негувателите ќе ги извршуваат во координација со определен координатор, социјален работник ангажиран преку Црвениот крст на РСМ, ОО Кичево и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Македонски Брод.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе