Во Прилеп потпишана Семакедонска платформа на Македонците од соседството и дијаспората

Претставници на 10 македонски асоцијации – здруженија и политички партии од Грција, Бугарија, Србија, Албанија, областа Гора на Косово, Хрватска, подалечната дијаспора, како и граѓанска иницијатива „НЕ-ИМА" од Македонија, по повод 145 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, викендов се собраа, во Прилеп, на 15-тиот семакедонски собир, кој овој пат усвои посебна Декларација.

Декларацијата како највисок акт на Семакедонскиот собир, се состои од 16 точки кои се однесуваат на правата и проблемите со кои се соочуваат Македонците ширум светот: проблемот со името, негирањето на македонската држава, нација, јазик и култура, како и мешањето на странските држави во внатрешното уредување на земјата. Потпишаната Декларација, која е прва од ваков вид, ќе биде доставена до Владата на РМ, до Амбасадите од соседните земји и од земјите каде живеат Македонци, како и до ООН.  

Активистите од малцинските здруженија изјавија дека млцинските права се загрозени, недостасува образование на мајчин јазик, а национализмот се повампирува и се врши целосна асимилација на Македонците,

„Го очекуваме она што досега сме го немале - почитување на нашите права и почитување на секое македонско малцинство, било каде“ изјави Нико Китани, претставник на Македонците во Државниот комитет за малцински права на Албанија.

Во платформата се наведува дека негирањето на македонскиот идентитет, македонската нација, јазик и култура, кое доаѓа од официјалните власти и политичари на соседните држави, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, не значи ништо друго, туку само грубо кршење на основните права на Македонците, гарантирани со општите меѓународни акти.

„Ние не се образуваме на мајчин, македонски јазик. Ние ги немаме тие права и децата ни учат на албански јазик иако зборуваат на македонски. Република Македонија со целиот државен апарат и соодветните институции  треба усилено да работат и да водат пропаганда, зада ги разобличат тие ставови и позиции на национализам во балканските држави“ изјави Јордан Костадинов, претседател на ОМО ``Илинден``.

Претстравниците на дијаспората истакнаа дека Македонија ги применува највисоките стандарди во остварувањето на правата на другите национални заедници, затоа и другите држави треба да ги имаат истите стандарди за македонските национални заедници во тие држави. Побараа Скопје и Тирана се бара да потпишат билатерален договор за основните права на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија, на реципроцитетна основа.

Организациите сметаат дека Македонија треба да ги прекине преговорите за разликите околу името со Грција и членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации да го продолжи под нејзиното уставно име Република Македонија, без латинична транскрипција на македонски јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик – Republic of Macedonia.

„ЕУ треба да разбере дека цената која ја бара од Република Македонија, за влез во ЕУ, солидаризирајќи се со Грција за промена на нашето вековно име, е превисока и само влезот во ЕУ под уставното име може да ги запечати сите аспирации на соседите и да обезбеди стабилност на Балканот“ стои во Декларацијата.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе