ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕП ЗА АЛБАНИЈА

СМК: Скопје мора да испрати демарш до Брисел и до Софија за преименувањето на Македонците во Албанија во Бугари

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија, усвоен од Европскиот Парламент, во делот каде што по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора „се потврдуваат како Бугари“, со препорака „тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика на Република Албанија“.

Повторуваме дека во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора нема Бугари, соопшти СМК . „Таму живеат само Македонци. Македонците во Албанија не се Бугари! Софија продолжува со политиката на антимакедонизам, како официјална политика за негирање на македонскиот народ по сите основи и за влошување на добрососедските односи со Македонија. Од македонската Влада бараме да испрати остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари“.

За СМК со овој извештај се прави груба повреда на меѓународното право, на Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации за геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото.

СМК апелира до Брисел да преземе активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за „бугарско потекло.

СМК упати и апел до сите Македонци да се откажат од бугарскиот пасош поради ризик од декларација за „бугарско потекло“ со импликации кои се неизбежни, а неприфатливи за идентитетската основа и за македонската нација и држава во целина!

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе