ЖАЛНА ВЕСТ

Почина Мајк Илич

Обединета Македонска Диаспора (ОМД) информира дека вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич, кој беше еден најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на организацијата.

Тој и неговата сопруга Маријан представуваат една совршена американска успешна приказна. Со своите скромни почетоци во градот Детроит, покажаа што може да се случи со напорна работа и посветеност. Тие се покажаа како вистински визионери за градот Детроит, и модели во американското општество, но секогаш горди, и никогаш не заборавајќи ги своите македонски корени и проблемите на македонскиот народ.

Во пораката до г-ѓа Маријан Илич, како и до семејството Илич, претседателот и ко-основач на ОМД, Методија А. Колоски, изјави: „Моето срце сочувствува со вас поради загубата на г-дин Илич - легенда, столб, добронамерник, хуманист, горд на своите македонски корени, и одличен граѓанин - посветен на семејството, градот Детроит, Мичиген и пример за сите нас! Нека почива во мир!"

Г-дин и г-ѓа Илич, во писмо кон ОМД, во еден момент изјавија: „Сите наши успеси се резултат на несебичната помош на многу лица кои се најдоа на нашиот пат. Нашите залагања за заедницата е нашиот начин на изразување благодарност... Мајк и јас сме неизмерно горди на нашето македонско потекло и со голема гордост ја пренесувавме нашата прекрасна македонска култура и традиција на нашите деца и внуци низ годините... Ние ја цениме одличната работа која Обединетата македонска дијаспора ја обавува во зачувањето и промовирањето на македонското наследство и идентитет во светот“.

Мајк Илич (Илиевски) е основач на популарниот ланец „Малиот Цезар пица" со 4.000 ресторани за брза храна низ целиот свет, сопственик на хокеј клубот Ред Вингс, бејзбол тимот Тигри и 15% од НБА тимот на Пистонс, сите 3 од Детроит, Мичиген.

„Татко ми беше претприемач, единствен во својата генерација како визионер и лидер, поставувајќи го тонот на нашата организација и нашето семејство“, вели Кристофер Илич, претседател и извршен директор на Илич холдингс. „Тој имаше непроценато позитивно влијание во светот на спортот, во бизнисот и во заедницата, а ние ќе се сеќаваме на него и неговата непоколеблива посветеност кон неговите вработени, неговата страст за Детроит, великодушност кон другите и неговата посветеност кон семејството и пријателите. Моето семејство и компанијата ќе продолжи да работи напорно за да ја одржи неговата енергија присутна во сѐ она што остави зад себе. Особена чест ми е што имав можност да работам со него на растот, развојот и одржувањето на нашите бизниси, но пред сѐ, јас сум благодарен и горд што можев да го наречам мојот татко“, рече Кристофер

Мајк Илич беше сопруг на Маријан Илич, неговиот партнер во животот и бизнисот цели 61 година. Тие имаат седум возрасни деца Денис (Џим Scalici), Рон, Мајкл Џуниор (Ноел), Лиза (Glenn Murray), Атанас (Пети), Кристофер (Kelle), Керол, 22 внуци и три правнуци. Тој е роден во Детроит, Мичиген во 1929 година како дете на македонските иселеници Сотир Илич и Султана Tасеф Илич кои се доселиле во САД во 1924.

На 8 мај 1959 година Илич ја отвори својата прва пицерија Малиот Цезар во Гарден сити, Мичиген. Токму таа прва пицерија прерасна во најголемиот пица синџир во светот, со ресторани во 20 земји. Успехот на ланецот Малиот Цезар, му овозможи на Илич инвестиции во други бизниси за храна, спорт и забава. Сите бизниси се со седиште во Детроит и ќе продолжат да работат како семеен бизнис, предводени од претседателот и извршен директор на Илич холдингс, Кристофер Илич.

Компаниите Илич имаат 23.000 вработени со полно и со скратено работно време и пријавен приход од 3,4 милијарди долари во 2016 година. 

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе