ОМД: Политичарите во Македонија да ги стават интересите на нацијата на прво место

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува сите активни чинители во македонската политика да ги стават интересите на нацијата на прво место. 

ОМД преку соопштение ги повикува сите политички партии, но и САД и ЕУ, да ја осудат тиранската платформа, оценувајќи ја како сепаратистичка и националистичка агенда наметната од страна на албанските политички партии, која ги дискриминира сите други во Македонија.

Исто така, ОМД бара политичките партии да се договорат да ги поништат резултатите од изборите одржани на 11 декември 2016 година, со образложение дека нема направено попис и повикува на итно одржување фер, демократски и коректен попис со користење транспарентни методи. По одржаниот попис, според ОМД, треба да се одржат повторни избори, а сите политички партии да ги презентираат своите идеи директно на гласачите, како дел од изборна кампања, да се создаде шанса народот да ги избере своите претставници, врз основа на целосно прикажување на изборните програми на сите партии, особено во однос на политиките кои можат да ја загрозат унитарноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.

„Сите политички партии треба да го признаат македонскиот јазик како национален јазик, како и неговото витално значење како обединувачки елемент на македонското општество“, наведува ОМД во соопштението.

Оттаму ги повикуваат владите на Грција и на Бугарија да покажат добрососедски односи и принципи на 21. век, со признавање на македонскиот идентитет.

ОМД во соопштението го повторува својот долгогодишен став за отфрлање на сите обиди да се промени или да се наметне некое друго име на Република Македонија и на македонскиот народ, а идната влада ја повикува и формално да се повлече од преговорите за името под покровителство на ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание и Советот за безбедност за признавање на Република Македонија под уставното име. 

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе