РЕАКЦИЈА

ОМД: Конгресменот Рорабакер е влијателен американски лобист на ОВК

Со неодговорните изјави републиканскиот конгресмен од Калифорнија Дејна Рорабакер уште еднаш се засрами себе и ги засрами своите соработници и партијата на која ѝ припаѓа, реагира Обединетата македонска дијаспора на изјавите на овој конгресмен за ТВ емисијата „Визиoн плус“ во Тирана. Претседателот на ОМД Методија Колоски смета дека изјавата на актуелниот претседавач на Поткомитетот за Европа и Евроазија на Претставничкиот дом е навредлива. Колоски бара оставка од Рорабекер на функцијата во Конгресот .

ОМД потсетува дека Рорабакер уште во 2011 предупредуваше на „опасностите“ од спроведувањето на пописот на населението во Македонија. „Конгресменот има долготрајни врски со терористичката организација ОВК која спровела бројни воени злосторства, учествувала во нелегалната трговија со луѓе, проституција, нелегална трговија со хероин и трговија со човечки органи. На Албанско-американската граѓанска лига (AACL), влијателен американски лобист за ОВК, Рорабакер е секогаш „почесен гостин“ и тој во 2001 година отворено повика САД да ги вооружи ОВК и покрај постојаните извештаи за масакрите на ОВК врз невини цивили“.

Колоски вели дека Македонија е посветена на надминување на долгогодишните дестабилизирачки ефекти од 2001 година и дека напредокот кон стабилноста во регионот отсекогаш се засноваат на меѓународните гаранции за непроменливоста на границите на земјата. „Високо рангираниот републиканец кој отворено се залага за уништување на Македонија, не само што сериозно ја поткопува политиката на САД во Југоисточна Европа, туку и политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Новиот претседател беше избран со ветувањето за влегувањето во нова ера на принципиелен неинтервенционизам балансиран со борбата против радикалниот исламски тероризам и почитување на националниот суверенитет. Наместо тоа, Рорабакер се залага за исполнување на она што терористите во 2001 година го бараа и за растргнување на клучниот американски сојузник во регионот. Оваа позиција на конгресменот не е само длабоко неетичка, туку е и драматично спротивна на националните интереси на САД. Го повикуваме спикерот на Конгресот Пол Рајан и лидерот на мнозинството Кевин Меккарти веднаш да го разрешат Рорабакер од раководсното место на комитетот и го повикуваме претседателот Доналд Трамп да го предупреди Рорабакер за ваквите воспалени коментари“, вели Колоски. 

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе