Резолуција

ОМД: Итно разрешување на политичкиот ќор-сокак во Македонија

Бордот на директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) усвои Резолуција за актуелната ситуација во Македонија.

Во Резолуцијата ОМД се залага за итно разрешување на политичкиот ќор-сокак во земјата и формирање стабилна влада, почитување на Уставот и оградување на политичките партии од коалицирања кои им штетат на националните интереси.

Исто така, ОМД во Резолуцијата бара спроведување попис најдоцна до крајот на 2018 година, воздржување на политичките лидери од билатерални брифирања со  странски амбасадори, а Политичката платформа на партиите на Албанците да со отфрли во Собранието како директно мешање во внатрешните работи на државата.

„ Претседателот да побара прием во Европскиот парламент и Европската Комисија и од парламентарната говорница да информира за „добрососедските“ односи и активности што ги преземаат Албанија, Србија, Бугарија и Грција кон Република Македонија“, бара ОМД.

Истовремено Организацијата се обврзува дека  ќе дејствува како независна и дека ќе продолжи да работи за интересите на Македонија и бара, во отсуство на пратеници од дијаспората да се формира министерство за дијаспора.

 

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе