ВАШИНГТОН

ММДЧП oд Стејт департментот побара осуда за тиранската платформа и крај на мешањето од САД

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со претставници на американскиот Стејт департмент и го повтори барањето САД да ја осудат тиранската платформа, наместо да ја оправдуваат и да се залагаат за неа.

ММДЧП побара амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување мандат на анти-македонската коалиција и задоцнетата политика за Македонија на претседателот Трамп да се спроведе веднаш.

Николов изрази огорченост од намерите на САД активно да ја поддржат коалицијата чија цел е да се сменат името на Македонија, идентитетот, знамето, химната, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Тој побара од американскиот Стејт департмент и особено од американската амбасада во Македонија, да се држат до принципите на новата администрација на Трамп кој вети дека ќе се стави крај на американското мешање во внатрешните работи на други држави.

Николов го повтори и барањето на ММДЧП за САД да се откажат од преговорите за името - со што ќе се покаже вистинската американската заложба за суверенитетот на Македонија.

На крајот Николов побара уште и истите права што се загарантирани за албанското малцинство со Охридскиот рамковен договор да се имплементираат и за македонското малцинство во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе