РЕАКЦИЈА

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: Антимакедонски и нецивилизирани повици на пратеничката Дода

Македонското друштво „Илинден” - Тирана најостро ја осудува антимакедонската изјава на пратеничката во албанскиот парламент Месила Дода, членка Партијата за правда, интеграција и единство. Таа за време на говорот пред членовите на партијата во  Пешкопеја се закани со војна во Македонија.

„Антимакедонските повици се нецивилизирани повици и немат место на територијата на Европа. Ние мораме да работиме и да имаме храброст да изградиме искрени и пријателски односи меѓу Македонија и Албанија. Балканот мора да се оддели од омразата и ксенофобија меѓу народите“, се вели во реакцијата на Македонското друштво „Илинден”-Тирана.

За Дода Македонија е Илирида и таа го негира македонскиот идентитет, велејќи дека „под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“ .

Партијата на Дода е коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама. И

„Ќе кажам два збора на крајот од ова мое излагање и за една покраина која ми стои во срцето, таа е земјата наспроти Илирида, стара албанска покраина на која денеска и името сме ѝ го заборавиле и некои ја викаат Македонија, некои ја викаат ФИРОМ, ние пак ќе повториме Илирида. Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга. Завршениот претседател на Македонците им се закани на Албанците со војската на оваа фантом држава. Тој знае дека оваа војска има повеќе албански синови на албански мајки кои не вртат пушка против својот брат Албанец. Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секоја цена ќе ја бранат Илирида ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! Татковината ќе ве поддржува без сомневање. Јас сум претставник на политиката што не бара рушење, не бара насилство, но бара гордост, благосостојба и соединување. Ние заедно може да успееме, ние заедно може да ја одбраниме светата земја Илирида. Таа е албанска и ние заедно имаме една нација, имаме еден став и имаме една татковина од „Превез“ до „Molle e Kuqe“ Албанија на четирите вилаети, Албанија на 8-те милиони Албанци“, рече Дода.

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе