сабота, 20 април 2024

Денеска жешко, утре попладне пристигнува влажен бран

Објавено на

часот

Сподели

Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи до 34 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ