ПОМОШ

Бугарски спасувачи помагаат во испумпување вода во настраданите подрачја во скопско

Бугарските спасувачи и пожарникари во моментов се во една од најпогодените населби на Скопје, објави агенцијата БГНЕС.

Николај Николов, директор на бугарската Дирекција за заштита на од пожари е во Скопје и изјавил дека од Софија се испратени два тима за пребарување и спасување, а од бугарската противпожарна служба уште два тима за испумпување вода.

„Првата задача за нашите луѓе е потрага и спасување на евентуално настрадани луѓе, а втората е испумпување вода“, изјавил Николов.

Тој најавил средба со кризниот штаб, на која се сумира што е исполнето во изминатото деноноќие и што претстои понатаму, додавајќи дека сите организации работат координирано. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе