Бензинот поскапува за половина денар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени во просек за 0,86, односно за 0,7 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС­95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС­98 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д­Е V) и понатаму ќе чини 53,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ­1) 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,718 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М­1 НС и ќе изнесува 28,827 денари за килограм. Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,6 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот. 

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе