Направил сообраќајка и тешко се повредил

Бегалец од „Идризово“ случајно фатен откако паднал од мотор кај Маврово и завршил во болница

Бегалец од затворот во Идризово баран за доиздржување на затворска казна, е фатен откако вчера завршил во болница со тешки повреди, по направена сообраќајка со мотор. Според официјалните информации се работи за Б.Н.(38) од гостиварско Чегране.

Од МВР ја потврдија сообраќајката и велат дека бегалецот го управувал моторот, а заедно со него била и сопатничка на возраст од 26 години од Албанија. Со моторот излетале од коловозот и двајцата завршиле во болница со тешки повреди.

„На 15.09.2020 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „хонда", со швајцарски регистарски ознаки, управуван Б.Н.(38) од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад", каде биле пренесени за укажување лекарска помош", ни одговорија од МВР.

Според предходните информации за ова лице, Б.Н. беше приведен во мај, 2018 година за издржување на затворска казна од 3 години и 6 месеци за недозволена трговија со оружје и распрскувачки материјали.

Казната не ја доиздржал и по него откако не се вратил во затвор била распишана потерница. Полицијата го барала, но не успеала да го најде се до вчера кога направил сообраќајка.

Никој не знаел дека токму тешко повредениот е оној кој се барал за да биде вратен во затвор. Но, откако бил утврден неговиот идентитет надлежните откриле дека се работи за бегалецот Б.Н.(38).

Сега за сега тој е во болница со тешки повреди. Од неговата здравствена состојба зависи понатамошниот тек на настаните и неговото враќање во затвор.

 К.Д.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе