„ЗА ИНТЕРВЕНЦИИ НЕМА ИНТЕРЕС НИТУ ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ“

„Анима мунди“: Македонија одбива меѓународна помош за стерилизација на животни

Должни сме да ја информираме јавноста дека минатите неколку месеци успеавме да обезбедиме меѓународен интерес и понуда за помош во надминување на проблемот со прекубројноста на кучиња преку волонтерски и стручен ангажман од „World vet“, стои во соопштението на Здружението за заштита на животни „Анима мунди“, кое потенцира дека стручните лица од „World vet“ не можат да добијат дозвола за спроведување на ветеринарни интервенции во Македонија.

Од домашното Здружение информираат дека „World vet“ е мрежа на стручни и искусни ветеринари од светот кои со мобилни ветеринарни клиники спроведуваат и управуваат програми за директна ветеринарна помош на животните, пред се во подрачја на катастрофи, места каде благосостојбата на животните е загрозена како и програми за едукација на населението.

„’World vet’ се предводници во доменот во кој дејствуваат и како такви имаат долгогодишно искуство во 42 држави во светот, на 6 континенти (Европа, Северна и Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија) при што драстично придонеле во заштитата и благосостојбата како на луѓето, така и на животните. Тие се препознаени по исклучителната стручност, влијание и придонес во надминување на проблемите кои ја засегаат јавната безбедност и здравствена заштита и на животните и на граѓаните. И секаде се добредојдени - како во најразвиените земји на ЕУ, така и во светот.Во илјадници повици кои ги добиваат како понуда за соработка, преку посредство на наша иселеничка Ана Миладинова на која и сме исклучително благодарни, ние успеавме да ги заинтересираме да дојдат во Република Македонија - но тука за нивни директни интервенции нема доволен интерес ниту законско решение“, велат од „Анима мунди“.

Поточно, од „World vet“ понудиле да не вметнат во нивната програма за 2016 година и испратат свои мобилни ветеринарни болници - искусни и квалификувани ветеринарни тимови и специјални возила. Ова, според „Анима мунди“, е со цел за да спроведат бесплатни ветеринарни интервенции (стерилизации и лекување) како и едукативни кампањи за населението и консултации за одговорно чување на милениците. Колку за ориентација - во само три дена, можат да извршат минимум 150 операции и лекување до 300 дополнителни животни.

„Информираме дека иако ваквата интервенција е од национален интерес, значајна за здравствената заштита на животните и непосредно на граѓаните, а воедно претставува единствена можност за заштеда на и така ограничените финансиски средства на буџетот на Република Македонија, мобилните ветеринарни тимови од ’World vet’ кои се добредојдени во целиот свет, не можат да добијат дозвола за спроведување на ветеринарни интервенции во Македонија и на тој начин да овозможат силна и директна помош кај нас, на начин на кој помогнале и во 42 други другите земји на светов. Согласно одговорот кој го добивме од Ветеринарната комора на РМ и консултации со Агенција за храна и ветеринарство, не постои можност да дојдат и да оперираат- туку само да консултираат. За ова моравме да ги известиме ’World vet’ кои изразија чудење и разочараност, за што ни посакаа и многу среќа во иднина... Среќа дефинитивно ќе ни треба со ваквата законска уреденост во Република Македонија!“, соопштуваат од „Анима мунди“.

Истовремен, од таму тврдат дека ова е веќе втора прилика која минува низ прсти (првата од ЕНПА, италијанска организација која понудила стерилизации за бездомни кучиња), прилики кои, како што велат, би ги прифатиле многу други богати држави, но не и Република Македонија.

„’Анима Мунди’ залудно се обидува да обезбеди помош за животните, за граѓаните, за државата, кога на крај се е законски оневозможено. Ова треба да го знаат сите оние кои бараат виновник зошто со децении не е решен проблемот со бездомните кучиња. Прашуваме, толку ли нема начин да се дозволи интервенција и директна помош која е исклучиво наш интерес, интерес на државата и на граѓаните? Во услови во кои живееме смееме ли да си дозволиме да одбиеме една ваква помош, помош која ќе отвори нови можности во иднина?“, стои во соопштението на Здружението.

За крај, бараат уште еднаш јавно да се ревидира оваа можност додека, како што велат, се уште не е сосема доцна „да смогнеме напори, да ја искористиме“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе