Анима-Мунди: Казна затвор за струмичанецот што со стрела застрела куче

„Бараме итна реакција на институциите, подрачната полициска станица од Струмица да го гони кривично и казни со казна затвор монструмот кој со стрела застрела мирно бездомно куче. Ова куче трпи невидена болка, се бори за живот, а застрелано е во двор, во приватен имот. Луѓето го знаат сторителот, кој без страв се заканува и понатаму", соопштија денеска од здружението за заштита на животни Анима-Мунди.

Од здружението соопштија дека полицијата не реагирала никако по пријавата за бруталното дело, кажувајќи им дека не е надлежна за истото, иако го посочиле и сторителот. Тие побараа од институциите итно сторителот да добие казна затвор, а за насилство, мачење и убивање на животните да се добиваат најстроги казни.

„Во каква држава живееме ние доколку ваква екстремна суровост се игнорира или толерира, какви институции не штитат нас граѓаните и животните. Итно бараме да се стави на дневен ред нашата иницијатива за формирање наменска Полиција/служба за животните, која ќе работи само во доменот на превенција и санкција на насилството врз животните. Најстроги казни бараме затоа што насилството е насилство без разлика дали е жртвата животно или човек“, соопштија од Анима-Мунди.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе