Трибината ја организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.
Како што најави организаторот, со свои презентации на трибината ќе настапат учениците од средните училишта на град Скопје под менторство на м-р Филип Белчев од Институтот за македонски јазик.
Сите учесници на трибината ќе имаат можност да ја посетат Спомен-собата на Крсте Мисирков.