Театар и филм

Во Кинотеката на Македонија на 25 март (сабота), во 20 часот, ќе се одржи средба на членови на Академскиот кино клуб – Скопје и Кино клубот Русе од Бугарија, на која ќе се одбележат 30 години соработка меѓу двата клуба кои го негуваат непрофесионалниот филм.

25 Март 2017 - 17:13

Светската премиера на документарниот филм „Езеро од јаболка“, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, се одржа синоќа во Кинотеката на Македонија. Филмот зборува за резултатите од долгогодишните напори на Програмата за развој на Обединетите нации и Општината Ресен за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро, кои се финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

25 Март 2017 - 12:19

Интернационалниот театарски институт ИТИ, светска организација за изведбените уметности, ги пренесе пораките на француската актерка Изабел Ипер, авторка на светската, и македонскиот режисер и костимограф Благој Мицевски, автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март. Двете пораки ги објавуваме во целост.

24 Март 2017 - 17:17

По повод Светскиот ден на театарот, на 27 март (понеделник), на Малата сцена, со почеток во 20 часот, Театар „Џинот“ Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Театар, љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски.

23 Март 2017 - 18:53

Македонскиот народен театар ја најави премиерата на претставата „Авантурите на Аладин“ во адаптација, драматизација и режија на Бојан Трифуновски, која ќе се одржи на 22 март, во 19 часот, како една од сериозните заложби на МНТ за поактивен ангажман на детската театарска сцена во оваа национална установа.

22 Март 2017 - 17:50

На малата сцена на Театар „Џинот“ Велес, на 19 март (недела), со почеток во 20 часот, ќе биде изведена монодрамата „Господ е жив“, авторски и автобиографски проект на актерката Драгана Босниќ. Претставата е на српски јазик и е дел од проектот за културна поддршка на српското малцинство во Република Македонија.

18 Март 2017 - 12:32

По повод 27 март - Светскиот ден на театарот, во Свети Николе ќе започне нов Меѓународен театарски фестивал „Белазора“. Иницијатор и организатор на фестивалот е Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович - Державин“ од Свети Николе.

18 Март 2017 - 12:05

Главните улоги во филмот „Железната приказна“ ги толкуваат: Јелена Јованова Периќ, Бајрам Северџан, Моника Бошковиќ, Катина Иванова, Диме Илиев, Предраг Павловски, Игор Спироски. Премиерата на краткометражниот игран филм „Железната приказна“ во режија и по сценарио на Златко Калеников се одржа синоќа во киното „Фросина“ во МКЦ.

17 Март 2017 - 16:08

Втората проекција од серијалот „Европскиот филм зборува“ (European Film Talks) на 17 март, во 19 часот, во ЕУ Инфо-центарот ќе го донесе филмот „Хари Браун“ (2009) во режија на Даниел Барбер. Овој филм се закити со титулата најдобар британски филм според „Empire Awards UK.

17 Март 2017 - 11:58

Новиот експериментален краток филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски, снимен во кубанско-американска копродукција, ќе има светска премиера во официјалната селекција за награди на филмскиот фестивал „Аспен Шортфест 2017“ во САД.

16 Март 2017 - 11:35

На Малата сцена во Македонски народен театар, на 15 март, во 20 часот, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Говорна мана“ од Горан Марковиќ во режија на Драгана Милошевски - Попова.

15 Март 2017 - 19:12

Театарскиот фестивал Млад отворен театар (МОТ) на 13 март, во 19 часот, во Младинскиот културен центар ќе ја промовира книгата „Рапсодија за театарот“ од филозофот Ален Бадју, еден од највлијателните мислители на денешницата.

11 Март 2017 - 14:16

Во рамките на проектот „ЕУ за тебе – Чиста животна средина за сите“, ЕУ Инфо-центарот во Скопје во соработка со Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почнува серија прикажувања на долгометражни документарни филмови на одредена тема, проследени со дискусии. Програмата почнува на 10 март, во 19 часот, кога ќе биде прикажан документарниот филм „Депонија“ на авторката Луси Вокер.

10 Март 2017 - 12:13

По успешното претставување на македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска на Берлинскиот филмски фестивал, позитивните реакции, критики и покани за фестивали не стивнуваат, известија од филмската продукција „Сестри и брат Митевски“.

09 Март 2017 - 15:48

Продукцијата „Партизанс“ извести дека филмот „Ослободување на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија, ќе биде дел од филмскиот фестивал во Кливленд, САД. Фестивалот ќе се одржи во периодот од 29 март до 09 април 2017 година.

08 Март 2017 - 21:00

На Македонија ѝ е потребен поинаков пристап во стратегијата за меѓународни настапи и претставување на туристичката понуда на државата.

повеќе

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе