Зaврши снимањето на Турбо-нет

Bо раните утрински часови заврши снимањето на краткометражниот игран филм Нитамуниваму/Turbo-net, по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот ја кажува приказната за едно обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови после смртта на таткото, сопственик на првото интернет кафуле во градот Турбо-нет.

Во филмот настапуваат актери од младата генерација: Ивана Павлаковиќ, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Матео Матевски, и тим од искусни актери како Катина Иванова, Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Сашо Тасевски, Игор Трпчевски и Петар Горко. 

Шеф на техничката екипа е снимателот Лашло Кадар, директор на филмот, Виктор Павловски, а носител на проектот е продукцентската куќа Пиреј филм. Филмот е македонско-швајцарска копродукција, подржан од државната Агенцијата за филм - конкурс, лето 2020 - и регионалниот филмски фонд  Синефором, Женева. Премиерата е планирана за пролет, 2023.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе