Годинашната програма, во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и oф–програма на фестивалот, информираат организаторите.
Годинашната жири-комисија е во состав: Ѓорѓи Јолевски, актер, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, актерка и Деан Дамјановски, театарски режисер. Селектор на фестивалот е Сашо Димоски. Со цел нивно претставување, во oф-програмата на фестивалот, на 20 септември ќе бидат изведени претставите „Последната лента на Крап“ (С. Бекет/Ѓ. Јолевски/Перипетија/МНТ), „Кармен“ (М. Делибес/Д. Пројковски/ Драмски театар Скопје), монодрама на Билјана Драгичевиќ-Пројковска и театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ (С. Димоски/ Д. Дамјановски/ НТ „Ј. Х. К. Џинот“, Велес).
И годинава ќе се доделат четирите интернационални награди – за најдобра актерка, најдобар актер, најдобра режија и гран при на фестивалот.