Во снимање на филм за Ататурк статисти се околу 1.500 битолчани

На повеќе локации во Битола, Ресен и во Скопје, турската продуцентска куќа Линистар Медиа, во соработка со македонската прудецентска куќа Сектор филм, снимаат телевизиска серија „Ататурк" посветена на турскиот револуционер и реформатор Мустафа Кемал Ататурк. Во сниманњето на телевизиската серија „Ататурк", во Битола, како статисти учествуваат околу 1.500 битолчанки и битолчани на различна возраст.

Во телевизиската серија посветена на Мустафа Кемал Ататурк, главната улога ја толкува Арас Булут Ијнемли, турски актер кој македонската јавност го памети од улогите во турските серии „Сулејман Величествениот", „Јама", „Како минува времето" и други. Режисер е Мехмед Ада Оѕтекин.

Мустафа Кемал Ататурк во Битола се школувал во периодот од 1896 до 1898 година, бил истакнат ученик со „Еполета број 7348". Училиштето во Битола имало големо влијание врз Ататурк за што и сам запишал во свои мемоари каде нагласува дека „училиштето, младите мозоци ги учи да бидат хумани, да ги сакаат нацијата и татковината, и да бидат горди и независни!".

Актерите и тимовите на продуцентските куќи кои снимаат во централното подрачје и старата битолска чаршија, ги посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој се инфомирал за текот и динамиката на снимање која се очекува да заврши за десеттина денови.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе