среда, 8 мај 2024
Претседателски и парламентарни избори 2024

Со над 40 отсто излезност, исполнет е цензусот за избор на претседател

До 17 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места на кои правото на глас го оствариле 452.412 граѓани односно 42,32 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Со ова исполнет е законскиот минимум за излезност од над 40 отсто од запишаните избирачи за избор на претседател на седмите претседателски избори. За парламентарните избори се пристигнати податоци од 1.920 избирачки места на кои гласале 470.950 гласачи или 46,93 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Објавено на

часот

Сподели

Според ДИК, најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци, 66,47 проценти, а најмала во Липково, 6,48 додека за  парламентарните избори најголема е излезеноста во Кривогаштани, 79,73 отсто, а најмала во Маврово и Ростуше 22,93 проценти.

„Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година има зголемување на излезеноста од 7,19 проценти на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 има зголемување од 0,01 процент. Споредбено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезеноста од 8,15 проценти на овие избори„, информира ДИК.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е, ИЕ 1-53,22 отсто, ИЕ 2 – 41,83, ИЕ 3 – 51,49, ИЕ 4 – 48,49, ИЕ 5 – 47,45 и ИЕ 6  – 34,71 отсто.

„До овој момент до ДИК се доставени вкупно 450 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 228 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 22 приговори се отфрлени како неуредни, а 67 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка“, наведува ДИК.

Државната изборна комисија потсетува дека овој изборен ден го следат 1.303 домашни и 860 меѓународни набљудувачи, како и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ