Во Кинотека фестивал на етнографскиот филм ЕТНОФФ

Во Кинотеката на Македонија денеска ќе се одржи 8-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографскиот филм ЕТНОФФ, на кој ќе бидат прикажани 14 етнографски филмови.

На овој фестивал ќе можат да се видат филмови кои зборуваат за „Хималајското злато“, печурка која вирее и се бере во најодалечените Непалски Хималаи, зошто близнаците се симбол за несреќа во Мадагаскар и која е општествената „казна“ за тоа, приказ на занаетчиството преку рацете и работата на повозразен пар на хрватските острови, но и домашни, локални приказни преточени во визуелен приказ.

Фестивалскиот ден ќе биде поделен на два филмски блока, едниот со почеток во 12 часот, а другиот со почеток во 16:30 часот. По завршување на проекциите со почеток од 20:30 часот фестивалот ќе биде затворен со музичка програма со настап на групата Чалгии мерак. Влезот на фестивалот е бесплатен.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе