„Тој е роден на денешен ден во 1923 година во Кавадарци. Учесник е во НОВ и носител на Партизанска споменица 1941 година. Завршил Висока политичка школа во Белград, а бил главен и одговорен уредник на првиот весник на македонски јазик „Млад борец“ ( 22 март 1944 на планината Козјак). Во шеесетите години бил главен уредник на весникот 'Трудбеник'“, вели Камчевски.
Мазев се занимавал со публицистика и е автор на прозните дела „Додека топовите пукаат“, „По трагите на Евлија Челебија“, како и четири тома театарски збирки. – Умре во Рогашка Слатина на 17 февруари 1977 година. Во негова чест, Домот на културата во Кавадарци го носи неговото име.