„Вера сонува за морето" ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.
Во другите улоги во филмот настапуваат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, кинематографија на Севдије Кастрати, монтажер Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.
Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето" е копродукција помеѓу „Дрим Фектори" , од Македонија (копродуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори" (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм" (ко/продуцент: Дионис Пападимитри).
Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за филм овој филмски прокет „Вера сонува за морето" главна поддршка доби од „Филмскиот центар на Косово" и дополнително од „Филмскиот центар на Албанија".