„Стела“ единствен македонски долгометражен филм на Сараевскиот филмски фестивал

Првиот македонски игран филм за деца „Стела“ е избран да биде единствениот долгометражен игран филм на најголемиот филмски фестивал во регионот, Сараевскиот филмски фестивал во програмата „Теен Арена“.

Како што информира продукциската куќа „Дрим Фектори“, во реализацијата на овој прв македонски долгометражен филм за деца е вклучена меѓународна екипа која брои голем број автори и филмски професионалци.

Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, а првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ. Во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит „Парада“. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од „Љубојна“.

Режисер на филмот е Стојан Вујичиќ , еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови и телевизиски проекти. Познат е по филмовите „Брат за еден ден“, „Допир“ и „Годините го чинат своето“, прикажувани и наградени на престижни филмски фестивали.

Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција меѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (продуцент: Никол Акерман).

„Стела“ беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија, а спонзор на филмот е „Витаминка“.

„Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Незнаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста.

Филмот „Стела“ е прва еко или зелена продукција во земјава, што значи дека првпат е снимен филм според сите еколошки стандарди. Водени од најновите светски еколошки стандарди, продукцијата се труди да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти итн.

Сараевскиот филмски фестивал е најголемиот филмски фестивал во Југоисточна Европа и е еден од најголемите филмски фестивали во Европа. Основан е во Сараево во 1995 година и секоја година ги носи едни од најголемите меѓународни и локални познати личности од светот на филмската индустрија. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе