ТЕАТАРСКА ПРЕМИЕРА

Со проектот „Видео писма“ се рушат негативните стереотипи кон децата-бегалци

Најновиот проект „Писмо некому“, детска театарска претстава на Милиана Ленак во продукција на „Буден Театар“ од Скопје, премиерно ќе биде изведена на 28 декември, во 17 часот, во просториите на „Кино Култура“. Претставата е дел од проектот „Видео писма“, кој „Буден Театар“ го спроведуваше во изминативе два месеца.

Претставата „Писма некому“ е базирана на приказните на холандскиот автор за деца Тоон Телехен, и видеоматеријалите од креативните работилници спроведувани во рамките на овој проект со децата-бегалци сместени во Т.Ц. „Табановце“ и децата од О.У. „Кочо Рацин“ од Скопје.

Во двомесечниот процес двете групи деца меѓусебно разменувале видеопораки и испраќале подароци, а на премиерата на претставата ќе се оствари и нивната прва средба, каде заеднички ќе ја погледнат претставата „Писмо некому“. Поставувајќи ја оваа претстава „Буден Театар“ се надева дека ќе продолжи да ја пренесува пораката која оваа пријателство ја носи во себе.

Проектот „Видео писма“ претставува чекор кон надминувањето на изолираноста на децата-бегалци, пред сѐ преку пронаоѓање на креативен начин да се запознаат со македонските деца, и покрај неможноста за директни средби. Овој проект воедно влијае и кон рушење на негативните стереопити со кои децата-бегалци се соочуваат.

Проектот е финансиски поддржан од „Цивика Мобилитас“, а се реализираше во партнерство со СОС Детско село, О.У. „Кочо Рацин“ и со логистичка поддршка од „Кино Култура“. Морална поддршка за реализацијата на овој проект дадоа МТСП, ЦУК Куманово и УНЦХР. Екскурзијата на децата-бегалци ќе се реализира со поддршка на „Руле Турс“.

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе