Во конкуренција на долгометражни филмови

„Сестри“ од Дума национален кандидат за „Оскар“

Македонски кандидат за наградата "Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм" е избран филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума. Церемонијата на доделувањето  на оскарите ќе се одржи во март идната година.

„Комисијата на Друштвото на филмските работници на Македонија донесе одлука филмот 'Сестри' во режија на Дина Дума, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2022 година. Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот" во режија на Арбен Тачи“, информираат од Друштвото на филмски работници.

Комисијата беше во состав: Дејан Димески - кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ - Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели - актер.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе