ТИНТИРИ МИНТИРИ

Се одржа првиот натпревар за деца за најдобра изведба на монолог

Првиот натпревар за најдобра изведба на монолог наменет за деца се одржа на 24 декември (сабота). На натпреварот учествуваа деца од целата држава на возраст до 18 години. За најдобрите одлучуваше комисија во состав Александра Павлова – актерка, Горан Пајак Трифуновски – актер и Кузман Кузмановски – режисер.

„Иако е ова прв натпревар од ваков вид, не сум изненаден од квалитетот што го видовме. Кога се мотивирани на вистинскиот начин, децата знаат да направат првокласни актерски изведби и можат убедливо да завладеат со сцената. Да се работи монолог е предизвик дури и за професионалните актери. Се надевам дека натпреварот ќе стане традиција и секоја година ќе им овозможуваме на децата да се докажат и покажат во актерските води“, вели Кузман Кузмановски, член на жирито и раководител на филмското училиште „Тинтири Минтири“.

„Ми беше многу драго да бидам дел од жирито на овој одличен натпревар организиран од Тинтири Минтири. Имавме прекрасна целодневна дружба каде што воопшто не беше лесно да се одберат победниците затоа што земаа учество млади актери кои покажаа огромен талент и секој од нив се истакна на свој сопствен начин. Се надевам дека успеавме барем малку да ги мотивираме да го искористат својот потенцијал за да прераснат во идни филмски и театарски ѕвезди. На сите учесници им посакувам многу успех во нивниот понатамошен актерски развој“, изјави актерката Александра Павлова.

Горан Пајак Трифуновски, кој беше третиот член на жирито, рече дека станува збор за вистински таленти измешани со детска искреност, а тоа е нешто што многу тешко може да го постигнат и најголемите светски актери.

Комисијата се соочи со тешка задача да ги одбере најдобрите изведби и еве ја нивната одлука.

Во категоријата деца до 12 години, прво место освоија Бисера Илиева (7), Матео Постружин (8), Илина Несторовска (8), Искра Георгиевска (9), Ана Јордановска (9), Димитриј Анѓеловски (10), Теона Китановска (10), Мила Серафимов (10), Иво Тојтов (10), Марио Георгиевски (10), Марко Ангеловски (10), Кјара Блажев (11), Филип Ѓурчиновски (11), Јелопи Седеу Нишевиќ (11), Мила Мадевска (11), Дамјан Ивановски (11) и Емануела Димовска (11).

Во категоријата деца од 12 до 18 години прво место освоија Ивана Петковска (12) и Мања Блажевска (13), второ место своија Габриела Гаќева (15) и Бисера Георгиева (13), трето место освоија Теа Павлова (16) и Марко Симоновски (14) и четврто место освоија Иван Неделковски (14), Алексеј Дума (12), Ангела Ефремова (18) и Андријана Василева (15).

Наградите ги обезбедија филмското училиште „Тинтири Минтири“, „ДМ маркет“, „Офис Плус“, „Тритекс“, „Виталиа“ и Драмски театар. Согласно правилникот на организаторите, следи втор круг он-лајн гласање за изведбите, кои наскоро ќе бидат објавени и кои ќе имаат и телевизиско прикажување.

Натпреварот е во организација на филмското училиште „Тинтири Минтири“ и „Аурипигмент продукција“ од Скопје. Филмското училиште „Тинтири Минтири“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе