Реконструкцијата на кумановскиот театар при крај

Привршува реконструкцијата на кумановскиот театар. Првата фаза од реконструкцијата на објектот сместен во центарот на градот почна лани летото. Екипите на избраната компанија интензивно работат внатре во објектот. Ваква целосна реконструкција на објектот се најавуваше последниве 15 години, но почна лани со средства обезбедени од Министерството за култура.

Градежните активности опфаќаат санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената опфаќајќи ги канцелариите, помошните простории, кабините за тон, светло. Зградата на кумановскиот театар е стара 70 години и ова е една од потемелните реконструкции.

„Ова е прва фаза на реконструкција која започна во јуни лани, оваа фаза треба да заврши во текот на јули. Веќе се забележуваат некои контури на тоа што е сработено во театарот, направени се нови, темели за да се зајакне кровната конструкција и очекуваме за два месеци да заврши целосно прва фаза“, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Градежните активности се спроведуваат согласно предвидената динамика. Театарот зафаќа површина од 1.200 метри квадратни и се работи насекаде во објектот.

„За првата фаза беа одвоени 10 милиони денари, реконструкцијата започна во најголемата пандемија и сега со состојбата во Украина, зголемувањето на цените на градежните материјали сме во навистина незавидна состојба. Сепак, очекуваме дека успешно ќе заврши целата фаза“, дополни Тодоровски.

Театарот ќе има шест канцеларии затоа што во објектот работи македонската и албанската драма. Реконструкцијата се изведува во специфични услови, бидејќи објектот се наоѓа помеѓу две училишни згради. Театарот е постар објект и затоа пред почетокот на санацијата се извршиле испитувања мерења, испитувања, од Институтот за земјотресно инженерство. Објектот е од А категорија, запазени се сите процедури. Објектот ќе го задржи автентичниот изглед.

Десна рака на градежните екипи им е сценскиот работник, Бобан Милановски, кој работи во установата уште од 90-тите години.

 „Овде сум од 90-те години. И тогаш почна реконструкција, но не во ваков обем. се сеќавам и тогаш со проблеми, бидејќи во тој период имаше инфлација и се реновираше само дел од објектот. Извесен период беше напорно да се работи, протекуваше кровот, фасадата прилично се оштети и за крај парното е работеше. Според она што се вложува и она што се обидуваат да го направат треба да се многу подобро и за администрацијата, техниката за сите“, вели Милановски.

Предвидено е и хортикултурно уредување на просторот и уште дел од дворот кој ќе се искористи за летна сцена.

Министерството одобрило средства и за втората фаза која треба да опфати замена на кровната конструкција, електриката и други детали.

Кумановскиот театар, како што истражува драматургот Зоран Зафировски, прераснал од културно-уметничко друштво до институција. Првите претстави биле изведени во 1920 година кога театарот функционирал како КУД „Максим Горки“, две години подоцна секцијата ја водел Васил Иљоски, потоа се формирал КУД „Абрашевиќ“ кој во еден период бил забранет, потоа во 1933 обновен. За време на Втората Светска Војна биле прикажувани едночинки. По војната функционирал како градски аматерски театар. После две години имал и сопствена зграда спроти „Кристал“. Во 1948 почнал со одлука на тогашниот народен одбор на општина Куманово, театарот почнал да работи како полупрофесионален, малку подоцна и како професионален. Во 1950-та година биле укинати неколку театри, меѓу нив и кумановскиот. По неколку години поранешни театри настапуваат во Битола и освојуваат награди. Во ноември, 1961 година во овој објект поранешен „Работнички универзитет“ започнува со работа театарот како полупрофесионален.

МИА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе