Главниот лик во филмот е Рока, девојче од друга планета. Таа е супериорна во техничката и социјалната комуникација во однос на нејзините врсници, има сила да го менува светот и со таа мисија започнува во нејзиното непосредно опкружување. Рока се бори за правда и без страв им се спротивставува на насилните врсници што ги малтретираат послабите. Рока, всушност, израснала во изолирана средина, и тоа не каква било, туку во вселенска станица. Затоа секојдневниот живот во Хамбург, за неа изгледа многу чудно. И покрај тоа, Рока ги задржува својот отворен дух и духовитоста, пријателски настроена кон другите. Секогаш полна со оптимизам, Рока се бори да ја зачува својата независност и да докаже дека и децата имаат моќ да го менуваат светот...
„Рока го менува светот" беше во конкуренција за Наградата на младата публика на Европската филмска академија во 2020 година. Децата актери од филмот ги освоија националните германски филмски награди, беше најдобар филм на фестивалот за деца „Џифони" и на фестивалот во Луксембург.
Проектот „Џифони филмски денови" се организира со поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм и од Кинотека, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс".