Проекции на „Ровачки острог“ и „Манастир Тумане – сведоштва“ на фестивалот „Богородичен покров“

На програмата на меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“ вечер се предвидени проекции на српските документарни филмови „Ровачки острог“ (21:00) и „Манастир Тумане – сведоштва“ (21:30).

„Ровачки острог“ досега е прикажан на фестивалот „Бдење душе” во Србија, на три фестивали во Русија и на фестивал во Украина, а има добиено три награди. Интернационалната премиера беше оваа година во Москва. На фестивалот „Богородичен покров“ се прикажува првпат и на англиски јазик.

„Манастирот Кострикочова е скриен во чудесна природа покрај кањонот на реката Мртвица, во планинската пустина на Црна Гора. Посебен печат на филмот му дава можеби последната филмска снимка на покојниот митрополит Амфилохије, кој зборува за приврзаноста на своето семејство кон овој манастир“, информираат организаторите на „Богородичен покров“.

Документарецот „Манастир Тумане – сведоштва“ во траење од 61 минута прикажува бројни сведоштва на исцеленија од верниците кои го посетиле ова светилиште. Манастирот го посетуваат луѓе од целиот свет, без оглед на верата и националната припадност, барајќи помош и спасение. Се наоѓа на 12 километри од Голубец и е посветен на светиот архангел Гаврил. Главен јунак на документарниот филм е игуменот на манастирот Димитриј, кој сведочи за бројни исцеленија. Во филмот е екранизирана и тајната на туманските светители свети Зосим и свети Јаков. Филмот има добиено награда на фестивалот во Ниш, а прикажан е и на фестивал во Мостар. На фестивалот „Богородичен покров“ се прикажува првпат на македонски и англиски јазик.

Сценариото и режијата е на Бранка Бешевиќ-Гајиќ, монтажа – Невена Јовановиќ, директор на фотографија – Теофил Радовиќ, наратор – Александар Ристановиќ.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе