Проекции на европски филмови во рамки на „Бич филм фестивал“

Во рамки на Европскиот филмски предизвик, на годинешното издание на „Бич филм фестивал“ (Beach Film Festival), од денеска до 25 јули на плажата Горица 3 на Охридското Езеро ќе се реализира уникатно филмско доживување, со европски филмови.

Во официјалната селекција се вклучени 14 краткометражни и пет долгометражни филмови, меѓу кои „Honey Cigar“, „Moon“, „66 Questions“, „Human Factors“, „Sexfish“ и „Jedini Izlaz“.

 Фестивалот како и секоја година ќе го затвори специјална проекција на македонски филм, а за ова издание тоа е филмот Homo (2020) на режисерот Игор Иванов Изи. Сите проекции на четврттото издание на „Beach Film Festival“ се бесплатни и се прикажуваат на плажата Горица 3, покрај  Охридско Езеро, каде сите филмофили и љубители на европските филмови можат да уживаат во гледањето на филмови од европската кинематографија.

Како што посочуваат организаторите, љубителите на европскиот филм можат да се вклучат во предизвикот со регистрација и за секој гледан долгометражен филм на овогодинешното издание на „Beach Film Festival“ да освојат дополнителни 40 поени.

Европскиот филмски предизвик е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

Во нашата држава проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во девет држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- креативна Европа и Европската филмска индустрија.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе