Претставата „Модиљани" на МОТ

Најавена како драмски спектакл, театарската претстава „Модиљани" во продукција на „Пик", а во режија на Сибел Абдиу ќе се одигра вечерва во МКЦ, во 20 часот, во рамките на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ).

„Модиљани“ е претстава што ги прикажува двата аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани: беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо, стои во описот на претставата. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо.

Ова дело, како што соопштија од МКЦ, го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник. Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност.

На вечерашната програма на МОТ од 22 часот е и „Срам“ од авторот Ангела Стојановска, која за своето дело вели: „Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот што сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот.“

 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе